Повторно гужва пред саемот во Белград – продолжува вакцинацијата на лица од регионот

На белградскиот Саем продолжува вакцинацијата на државјани од регионот, меѓу кои и од Македонија, а се вакцинираат и државјани на Србија кои имаат закажано термин, објави РТС.

Претседателот на Градското собрание на Белград, Никола Никодијевиќ, рече дека вчера на три контролни пункта, биле вакцинирани околу 9.600 лица, а денес се очекуваат околу 8.500 лица

Тој им се заблагодари на здравствените работници за ангажманот, како и на волонтерите и посочи дека и денес, со оглед на ситуацијата пред Саемот, каде што утрово има долги редици, ги чека одлична работа.

Тој наведе дека за вакцинација чекаат бизнисмени и вработени од регионот пријавени преку Српската стопанска комора, граѓани на Србија и луѓе од регионот кои се регистрирале преку е-Влада. Сите ќе бидат вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“.

„Во Белград, 439.000 луѓе примиле една доза вакцина, што е 31,18 проценти од возрасните, а имаме околу 240.000 лица кои примиле две дози, па следната недела очекуваме да ја достигнеме магичната бројка од половина милион кои ќе имаат примено една доза“, рече тој.

Српската стопанска комора обезбеди 10.000 вакцини за лица од регионот.

Директорот на Канцеларијата за Е-влада, Михаило Јовановиќ, ги повика граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

Сите заинтересирани граѓани можат да го изразат својот интерес за вакцинација со јавување на 0800 222 334, но и преку веб-страницата Е-влада.

Доколку некој бил спречен да дојде на вакцинација и го пропуштил терминот, може да поднесе барање за нов термин со пополнување на прашалник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега