Повредени неколку лица при превртување автобус во југоисточна Австрија

Во југоисточна Австрија денеска се преврте автобус, при што беа повредени неколку патници.

-Во автобусот имало околу 30 патници кога несреќата се случила на рурален пат во Тифенбах, Штаерска, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.

Властите се сомневаат дека автобусот се судрил со камион.

Полицијата се уште не објавила од каде доаѓаат патниците. Портпаролот рече дека станува збор за постари луѓе. 

27.09.2021 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега