Повредена велосипедистка на „Партизанска“

Девојка која возела велосипед вечерва е повредена на булеварот „Партизански одреди“, пренесува „Република“.

Според очевидци несреќата се случила во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, кај зградата на „Горење“.

Поради сериозноста на повредите, девојката со Брза помош е пренесена во некоја од Клиниките во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега