Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека повеќечасовните разговори со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз биле целосно посветени на пронаоѓање начин за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека секое решение мора да донесе вистински и траен мир.

Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот од секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.

Зеленски денеска престојува во Париз каде што одржа средба со Макрон, на која, според украинскиот претседател, биле разгледани следните чекори за зајакнување на меѓународната поддршка и интензивирање на напорите за постигнување мир.

Exit mobile version