Повеќе улици во Скопје денеска без вода

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Прашка“ и „Париска“ во населба Тафталиџе денеска од 9:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица од Ф-100 мм на улица „Прашка“ бр.16.

Прекин во водоснабдувањето од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот е поради дефект во шахта на булевар „Свети Климент Охридски“ бр.15 во населба Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

09.09.2022 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега