Повеќе од 174 милиони случаи на коронавирус во светот

Повеќе од 174 милиони случаи на коронавирус се потврдени во светот од почетокот на епидемијата.

Aктивни се повеќе од 12 милиони случаи.

Од последиците од коронавирусот во светот починале 3.744.029, а 157.054.846 оздравеле.

Соединетите Американски Држави имаат најмногу регистрирани случаи на Ковид-19 – повеќе од 34,2 милиони, по што следи Индија – 28,9 милиони, Бразил – скоро 17 милиони, Франција – повеќе од 5,7 милиони и Турција – повеќе од 5,2 милиони.

МАКФАКС

07.06.2021 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа