Повеќе договориле, а помалку извршиле - ДЗС со нов извештај за градежната оператива за земјата

Државниот завод за статистика денеска објави дека во периодот јануари-јуни е помала вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство.
 
Според објавените податоци, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесувала 129.704 илјади денари, што е за 17,3 проценти помалку во однос на истиот период лани.
 
Во овој временски период, градежната оператива од земјава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 67.122 илјади денари што е за 16,9 проценти помалку во споредба лани.
15.08.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега