Во паркчето пред зградата на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 147, Општина Карпош спроведе активности за обнова и уредување на постојната урбана опрема. Целосно се заменети дотраените дрвени даски на клупите, додека масата е освежена и повторно офарбана, со што просторот доби поуреден и
естетски изглед.
Паркчето е простор што жителите го користат за одмор, релаксација и соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржување, обновување и унапредување на урбаната опрема, како и во поставување нова опрема согласно потребите и приоритетите на граѓаните.
Заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош.

Exit mobile version