Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и неговата придружба загинаа денес во авионска несреќа што исчезна од радарот кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара во Турција, изјави шефот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеиба.

„Информирани сме за смртта на началникот на Генералштабот на либиската армија, Ал Хадад, и лицата што го придружуваа“, рече Дбеиба, како што објави Хуриет.

Авионот наводно се урнал на околу два километри од селото Кесикавак во округот Хајмана.

Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, објави дека е започната истрага за авионската несреќа.

Претходно, турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека контактот со приватниот авион во кој се наоѓале Ал Хадад и четворица од неговата придружба е изгубен кратко по полетувањето од аеродромот.

Како што изјави Јерликаја на платформата X, авионот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полетал во 20:10 часот за Триполи, а контактот со радарот бил изгубен во 20:52 часот по локално време.

„Од авионот е примена порака за итно слетување во близина на Хајмана, но контактот со авионот подоцна не е обновен“, изјави Јерликаја.

Exit mobile version