Потресно сведоштво за трагедијата во Македонија: Се слушаше лелек и плач од секаде

Трагедијата која денеска се случи на автопатот Скопје-Тетово и траорната слика која ги дочека првите граѓаните кои пристигнаа на местото ќе ја паметат засекогаш.

ТВ21 пренесува сведоштва на граѓаните кои први пристигнале на местото.

- „Автобусот беше превртен, лелек и плач се слушаше од сите страни. Со голи раце го кренавме автобусот и сакавме да го превртиме за да почнеме да им помагаме на повредените. Оваа слика која денеска ја видов нема никогаш да ја заборавам“, вели сведок.

Врз седум лица кои загинале во денешната страшна несреќа на автопатот Скопје-Тетово е наредено да се направи обдукција, која ќе треба да покаже која е причината за смртта на овие патници.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2019 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега