Потресна порака на мајката на убиената Ѕвездана во Америка: „Ова е за тебе, жената на која ѝ го скршија срцето“

По повод трагичната смрт на својата ќерка Ѕвездана Бенкун која ѕверски начин беше убиена од својот сопруг, нејзината мајка Мирјана Костиќ Влајиќ се огласила преку Фејсбук.

Таа објавила некролог на својот профил со коментар:

-Ова е за тебе, за жената која се разочара во животот, која ја повредија луѓето кои најмногу ја сакаа, за жената која ја издадоа, на која ѝ го скршија срцето, за жената која мисли дека нема да сака. Многу ве има овде зарем не? Зад профилот сакате да бидете среќни, а никој не ја забележува вашата тага, немојте да плачете, немојте да бидете тажни...Ја научивте лекцијата. Раните болат, но ќе се исцелат, некому попрво, некому подоцна...само верувајте, бидејќи вие сте создадени да бидете сакани и среќни. И вие некому ќе му бидете принцеза...Борете се за себе, дури и кога никој не е ваша страна - напишала мајката во опис на фотографијата за својата ќерка Ѕвездана Бенкун.

Ѕвездана Бенкун беше крвнички претепана од својот сопруг Слободан Миљуш и тоа пред очите на нивниот 12-годишен син. Од последиците на стравичните повреди Ѕвездана починала во болница. Свирепото убиство се случило во домот каде живеело семејството во Лас Вегас, а мотивот за злосторството неофицијално, било тоа што Ѕвездана сакала да се разведе од Слободан.

Мајката на Ѕвездана по убиството изјавила дека нејзината ќерка работела две работи за да ги прехрани двете деца, додека тој бил возач на камион кој бил често на пат.

-Живеевме во Босна, а потоа заминавме во Америка. Таму живеевме 18 години. Тие двајца беа во брак. Тој е од Лика. Многу работи работеше во Америка, а мојата ќерка ги одгледуваше децата сама. Сакаше да се разведе, а тој тогаш стана уште полош, не можеше да прифати дека ќе го остави. Кога дошла од работа, земал безбол палка и ѝ ја смачкал главата - раскажала мајката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега