Најсреќниот миг во нивните животи, се претворил во најголема тага, болка и трагедија. Кире Димитриев, татко на Диме, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја раскажа својата потресна приказна, за 4ТВ.мк.

Неговата снаа Ангела која била бремена, требало заедно со неговиот син Диме да замие на Клиниката во Чаир за породување. Сите се спремале за најрадосниот миг, а наместо тоа им се случила најголема трагедија.

Неговата сопруга му соопштила дека снаата сама ќе оди во болница, додека за Диме му кажале дека отишол во дискотека.

  • Првата мисла ми беше, мојот син се роди на 16-ти, а сега и него ќе му се роди дете на 16-ти и тоа баш во недела, вели таткото, додавајќи дека син му никогаш немал отидено во диско пред тоа.

Тргнале веднаш кон болница, а по пат снаата му кажала дека на социјалните мрежи видела дека се случил некаков инцидент, но сè уште не знаела дека станува збор за пожар. На патот биле запрени од полициска блокада кај Три Чешми, но по негова молба дека снаата може да се породи во автомобилот, полицијата им дозволила да продолжат.

„И реков да почека, да најдам доктор… а потоа се слушна страшен крик“, сведочи Димитриев.

-„Ме повикаа да дојдам да видам… и имаше што да видам. На вториот кревет лежеше мртов син ми“, раскажува таткото.

Exit mobile version