Потресна исповед на момчето кое го преживеа масакарот во Мексико- ја загуби мајката

 

Последните зборови што Дона Ландфорд кои ги кажала на својот 13-годишен син Девин за време на масакрот на 4 ноември во мексиканската држава Сонора, кога во една од картелите со наркотици уби девет члена на американското семејство Мормон, вклучувајќи три мајки и шест деца, кои возеа.

Осум деца од кои некои биле уште бебиња, преживеале напад на убијците на нарко картелот во Мексико.

„Спушти се доле веднаш“ ми рече мајка ми, изјавил Девин.

Девин рекол дека првото рафално пукање го спорела возилото.

„Автомобилот не работеше. Таа се обидуваше да го натера да запали, о сигурен сум дека нешто погодија за да не може да вози“ навело детето.

Тој раскажал дека напаѓачите ги извадиле од автомобил, им рекле да легнат на земја и потоа заминале.

Преживеаните деца биле во автомобил со Дона.

Девин ги сокрил своите браќа и сестри во грмушки, па тргнал пешки да бара помо. Момчето признало дека било преплашено додека одело по шумата.

Таткото на Девин кој присуствувал на интервјуто вели дека детето им го спасило жвотоп на останатите браќа и сестри.

„Мојот син е херој, се жртвувал за да го спаси животот на своите браќа и сестри“ рекол Дејвид.

Колку само куршуми го погодиле возилото во кое биле, просто е неверојатно што се живи, навел тој.

Не само што ја загубил сопругата и две деца, тој сега мора и да се пресели.

На Лангфорд им се придружија и десетици други мормони кои во неделата го напуштија Мексико за да заминат во Соединетите држави по масакрот.

„Не вреди да се живее во страв. Најтешко ми беше да кажам збогум, да се простам од два невини животи и жена која која ја сакав“ рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега