Потресна фотографија од која собрале 35.000 евра - застанал до телото на својот татко и заплакал

 

Фотографија од момче кое плаче над телото на загинатиот татко донела 35.000 евра за семејството на момчето за еден ден.

-Момчето дошло до телото на својот татко во крематориум, го тргнало прекривачот, му ставило рака на образот и само рекло „тато“, па заплакало. Човекот бил уште еден сиромашен работник кој во петокот загинал во канализација во Делхи. Семејството немало доволно пари ниту да го кремира - напишал новинар во опис на потресната фотографија.

-Новинар сум на црна хроника и сум видел страшни трагедии, но ваква никогаш - додал Шив Суни.

За само еден Индијците, поттикнати од фотографијата, собрале 35.000 евра за семејството на загинатиот работник.

 

 

 

20.09.2018 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега