Потребно е поттикнување на женското претприемништво во Македонија

Во Македонија денеска се одржа трибина за состојбите со женското претприемништво во Македонија. Во рамки на трибината беше констатирано дека околу 30% од деловните субјекти се во сопственост на жени. 

- Овие резултати упатуваат на потребата од креирање мерки за поттикнување на женското претприемништво во Република Македонија, особено во делот на зголемување на бројот на вработени во субјектите кои се во сопственост на жени,  како и поттикнување на деловната активност на жените во руралните средини, истакна Имирали Бафтијари, раководител на Секторот за претприемништво и конкурентност на Министерството за труд и социјална политика.

Присуството на македонската жена во деловните активности не е за занемарување доколку се земе предвид податокот дека во околу 50 проценти од субјектите евидентирани во трговскиот регистар, жената се јавува или како сопственик или како управител, се заклучи денеска на трибината.

Конференцијата ја организираше Здружението на бизнис жени и Министерството за економија како дел од проектот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во ЈИЕ“. 

18.10.2013 - 16:15