Потона педалинка на која се возеле 5 девојчиња во Охрид - полицијата со детали од истрагата

 

Пред три дена на Охридското езеро, во близина на плажата Немо, потонала педалинка, на која имало 5девојчиња. За среќа, девојчињата успеале да скокнат во водата и да се спасат, објави Вечер.

Полицијата по спроведената анкета утврдила дека нема пловидбена несреќа и дека педалинката потонала поради недржење на баланс во водата.

Инцидентот се случил во неделата попладнето. Девојчињата од Скопје ја изнајмиле педалинката за да се возат по езерото, а од изнајмувачот добиле само елек за сасување, пренесува Вечер.

Откако девојчињата се одалечиле од брегот забележале дека педалинката почнала да се полни со вода и да тоне, по што преплашени скокнале во водата. Се вратиле назад на брегот, по што побале замена, но добиле уверување дека тоа се случило бидејќи мора да се одржува рамнотежа врз педалинката во вода.

 

 

 

17.07.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега