Основното јавно обвинителство презема дејствија за неколку случаи на нерегуларности на првиот круг од локалните избори. Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами на прес-конференција рече дека ОЈО до овој момент регистрирала неправилности во Чашка, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Чаир и Гази Баба.

-ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање против две лица од селото Согле, општина Чашка. ОЈО Крива Паланка исто така испитува за наводи за поткуп на гласачи. ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово. ОЈО Скопје известено од страна на МВР за две задржани лица на Гласачко место во општина Чаир коишто одбивале да се легитимираат, како и за две фотографирања на гласачко ливче во општина Гази Баба, што во суштина сметаме дека истото е прекршок, а не кривично дело опфатено во Кривичните дела коишто се за избори и гласања, рече Бајрами.

Exit mobile version