Потиштена и покриена во црно, до ќерката на Шабан стигна порака „Пеј зошто тато те слуша“

Семејството се уште е во шок по трагичната вест која силно одекна низ целиот регион- кралот на фолк музиката загина во сообраќајна несреќа!

По тажните вести во домот на Шабан Шаулиќ започнаа да се собираат голем број на естрадни ѕвезди, роднини и пријатели, а неговите син и ќерка веднаш заминаа во Германија на местото на несреќата.

Дома заедно со сопругата на пејачот остана и неговата ќерка Илда Шаулиќ која исто така е пејачка.

Убавата и симпатична пејачка изгледа потиштено, прекриена во црно камерите на Телеграф.рс ја уловија во семејниот двор.

На Инстаграм профилот на Илда, постојано пристигнуваат пораки со сочуство и утеха а една од нив беше: „Илда само напред, пеј зошто тато те слуша“ гласел еден од кометарите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега