Поставени смарт-клупи во дворот на ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка – иновативните техонологии се клуч за развор на прогресивното општество

Смарт-клупи опремени со соларни панели, УСБ портови за полнење мобилни телефони, бежичен бесплатен интернет и сензори кои мерат количина на CO2, влажност на воздухот и температура на воздухот денеска беа поставени во училишниот двор на ОУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

Сопругата на министерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, Андријана Николовски цитирајќи го Нелсон Мендела вели дека „Образованието е најмоќно оружје кое може да го употребите за да го промените светот“ – парола која е вметната на самите клупи.

-Чест ми е што денеска имавме можност заедно со иновативната компанија Октагон Прима да донираме и поставиме во училишниот двор на ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка смарт клупи кои нудат интелигентно решение што го следи технолошкиот развој и потребите на новите генерации. Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со вградени USB портови за полнење на батерии на мобилни телефони и безжичен бесплатен интернет.  Вградени се сензори кои мерат количина на СО2, влажност на воздухот и температура во градот. Иновативните и модерните технологии се клуч за развој на прогресивно општество и мотивација на младите генерации за изнаоѓање решенија за подобрување на животната средина, напиша таа на Фејсбук.

31.07.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа