Поставен семафор на критичната точка во Ѓорче Петров каде беше прегазено детенце

Поставен е семафор на улицата „Борис Сарафов” кај Основното училиште „Мирче Ацев” кое важеше за критична точка во сообраќањето низ општина Ѓорче Петров.

Од општината соопштуваат дека очекуваат во секој момент ЕВН да постапи во однос на пуштање електрична енергија, со што семафорот веднаш би бил пуштен во употреба.

Во меѓувреме, наведува во соопштение општината, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица.

Паралелно со семафорот, поставена е и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред се на децата.

- Наскоро очекуваме и уредување на зеленилото околу семафорот, заради негова подобра видливост. Од МВР, пак, имаме информација дека зачестена е сообраќајната контрола во тој дел на Ѓорче Петров, со што очекуваме целосно решавање на доскорешните проблеми во сообраќајот долж улицата „Борис Сарафов”, се вели во соопштението.

 

 

 

14.05.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа