Семејствата на починатите пензионери ќе добиваат поголема финансиска помош. Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината, која наместо досегашните 35.000, ќе изнесува 40.000 денари. Но минимално се корегира и месечниот придонес што го плаќаат пензионерите. Според новата одлука на Фондот на ПИОМ, месечната задршка за солидарниот фонд ќе се зголеми од 140 на 150 денари.

Со зголемувањето за 5.000 денари, институциите се обидуваат да го амортизираат социјалниот притисок врз оваа категорија граѓани во услови на економска неизвесност.

Од Фондот појаснуваат дека корекцијата на членарината е неопходна за да се зачува финансиската стабилност и ликвидноста на системот, со оглед на тоа што исплатата кон семејствата се зголемува за 5.000 денари.

„Целта е да се зачува финансиската стабилност… Одлуката предвидува исплата на повисок износ при смрт на корисник на пензија, додека месечната задршка од пензиите за солидарниот фонд ќе се зголеми од 140 на 150 денари“, информираат надлежните.

Exit mobile version