Последно предупредување од УХМР: Следува невреме

Промена на времето најавуваат синоптичарите од попладне. Се очекува зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од пладневните часови, облачноста ќе се зголемува и во Скопје каде ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во делови од регионот попладне и во текот на ноќта ќе има повремено пороен дожд, грмежи проследени со засилен ветер и услови за појава на
град.

Ваквата промена на времето ќе услови утре и во сабота намалување на температурите од четири до пет степени. 

05.08.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега