Последните зборови на актерот кој беше пронајден мртов после пливање со синот: „Спасете го него!“

Американскиот борач и актер, Шад Гаспард (39) е пронајден мртов откако исчезнал за време на викендот додека пливал со синот на „Venice Beach“, пренесува полицијата.

Поранешниот професионален борач исчезнал во неделата додека пливал со неговиот 10-годишен син. Бил околу 50 метри оддалечен од брегот кога го 'покрил бран' и го повлекол кон длабочините.

Момчето е спасено, како и неколку други пливачи, меѓутоа Гаспард исчезнал. Неговото безживотно тело било пронајдено во вторникот покрај пристаништето. Властите подоцна го потврдиле неговиот идентитет.

„Спасувачот се обидуваше да ги извлече Гаспард и неговиот син на сигурно. Сакаше да ги спаси двајцата, но таткото рече: 'Спасете ми го синот!'“, рекол градоначалникот Кен Хаскет за „NBC News“.

 
 
 
View this post on Instagram

Love the life I built for my self and my family.

A post shared by Shad Gaspard (@shadbeast13) on May 6, 2020 at 8:54pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега