Последна променлива недела: По викендот пекол над Македонија со над 40 степени

Натпросечно топли денови со услови во попладневните часови за поинтензивни врнежи и процеси кои во некои места ќе бидат поизразени во форма на невреме. Ваква временска прогноза најавуваат метеоролозите за оваа работна недела која е пред нас.
Утре не чека речи си идентично време како денеска со тоа што се очекува да падна помала количина на врнежи.
Од среда температурите постепено ќе растат па до петок константно ќе бидат над 33 степени во Скопје и над 35 во појужните делови на земјата.
Во сабота веќе се најавува разведрување. Тоа ќе ги спушти и утринските и дневните температури до максимални 12 односно 30 степени и ќе биде најава за пеколот кој ни доаѓа идната недела.
Од понеделник константно ќе растат дневните температури за врвот да го достигнат во вторник и среда кога во Скопје се очекуваат 37 степени а во јужните делови над 41 степен.
Топлото време ќе се задржи во целата идна недела, а според долгорочните прогнози јули не се очекува да донесе многу дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2019 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега