Последен му правел интервју на Шилегов: Водителот Миро Кацаров ги откри резултатите од тестот за коронавирус

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусоти се повлече во 14 дневна изолација.

Последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде разговараше со водителот Миро Кацаров! Поради тоа, водителот одлучи да се повлече во  самоизолација и да направи тест.

Миро и самиот на својот Фејсбук профил ги соопшти резултатите од тестот.

„Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми.

Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19.

Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале.

На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ – напишал меѓудругото покрај споделените резултати од коронатестот Миро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега