Последен ден викенд без ДДВ – прометот зголемен за 3 пати

Уште помалку од половина ден остана од првиот викенд без ДДВ во кој може да се купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема, а за кои на граѓаните ќе им биде вратен целосниот износ на данокот на додадена вредност. Од Управата за јавни приходи соопштија дека оваа мерка во првиот ден од нејзината примена го зголемила прометот со македонски производи за 3 пати. За да има целосен поврат на ДДВ за македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, сметките треба да се скенираат во рок од три дена. Се враќа целиот износ на ДДВ за сите македонски производи и ИТ опрема за сметки кои заедно нема да надминат 30.000 денари по еден корисник. Доколку сите 30.000 денари ги потрошите на поризводи кои се даночат со ДДВ стапка од 18% тогаш ќе повратите нешто повеќе од 4.000 денари кои на вашата сметка ќе легнат до крајот на овој месец. Но ако купите нов компјутер за 30.000 денари, бидејќи оваа опрема се даночи со 5% ќе можете да остварите поврат од некаде околу 1.400 денари. 

Граѓаните вчера се пожалија дека добар дел од компјутерската опрема токму за овој викенд е поскапена во однос на претходната недела.

Викендот без ДДВ тројно го зголеми прометот на македонски производи, даде поттик на домашната економија и врати пари кај граѓаните, се пофалија утрово од владејчката СДСМ преку писмено соопштение.

Проектот „Викенд без ДДВ“ значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет. Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици. СДСМ продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните, на економијата и на државата – се вели во писменото соопштение испратено од владејчката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега