После жестоката кавга со Трамп, новинар избркан од Белата куќа - укината му е и пропусницата

 

Белата куќа му ја укина новинарската пропусница на дописник од Си-Ен-Ен, Џими Акоста после неговата жестока кавга со претседателот на САД, Доналд Трамп за време на конференцијата за новинари.

Расправата почнала кога Акоста го прашал Трамп за клараванот на мигранти кои доаѓаат од Латинска Америка кон американската јужна граница со Мексико.

via GIPHY

Кога новинарот се обидел да постави дополнително прашање, Трамп рекол „доста е“, а  жената која стажира во Белата куќа безуспешно се обидувала да му го одземе микрофонот.

via GIPHY

Претставничка за медиуми на Белата куќа, Сара Сандерс издала соопштение во кое го обвинила Акоста, дека „ставил рака на млада жена која се обидувала да ја работи својата работа како стажантка во Белата куќа“, додавајќи дека тоа е апсолутно неприфатливо.

via GIPHY

Акоста на Твитер негирал дека ја допрел стажантката.

Си-Ен-Ен во соопштение навеле дека Белата куќа му ја укинала новинарската пропусница на Акоста поради „одмазда поради неговите провокативни прашања“ и обвиниле дека претставничката за медиуми Сара Сандерс лаже за однесувањето на Акоста.

 

 

 

08.11.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега