После страшната бура во Грција, издадено ново предупредување - временска прогноза за следната недела

Незапаметеното невреме во Грција завчера однесе седум животи, а најмалку уште сто се повредени. Грчките медиуми најавуват нови врнежи, како и можност за појава на бура во северниот и источниот дел кој потоа ќе се пресели на југот.

На официјалната страна на Атинската национална метеоролошка станица предупредувања за нова бура нема, додека на страницата за цела Европа стои најава за врнежи проследени со грмежи во источните делови на Грција.

Како што и понатаму стои на сајтот на Екатермини, денеска невреме со дожд се очекува на северниот и североисточниот дел од Егејот, на Халкидики, и делови од истокот. Во попладневните часови е најавено престанување на врнежите и разведрување.

Температурите нагло ќе опаднат, ќе се движат од 8 до 26 степени, на северот од 15 до 32 степени, во централните делови од 17 до 29 степени, а во Епир од 15 до 29 степени. Истото важи и за Крит, каде температурите ќе изнесуваат од 19 до максимални 32 степени Целзиусови.

Националната метеоролошка станица издаде предупредување за можни бури на море.

Според временската прогноза за цела следна недела се очекува облачно време, проследено со краткотрајни врнежи и температури нешто над 20 степени.

На пример, за Касандра во наредните седум дена се предвидува дека највисоката температура ќе изнесува 28 степени, и тоа дури на 14. јули.

Слична е ситуацијата со Ситонија, највисоката температура ќе биде 26 степени Целзисуови.

На Неос Мармарос се очекува нешто поповлно време.

На Ханиоти се предвидува највисоката дневна температура да изнесува 28 степени.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега