После подолг период, во ГОБ „8 септември“ денеска нема починати пациенти од Ковид 19

Во моментот во Градската болница „8 септември“ хоспитализирани се 83 пациенти позитивни на Ковид 19, а во изминатите 24 часа нема починат од ковид 19, пренесува Фокус“.

 

„Значи, во моментот има 83 позитивни пациенти на Ковид 19, четири нови приеми, 14 излекувани кои веќе се испишани во подобрена состојба на домашно лекување и пет се на респиратор. Денеска нема починати пациенти – потврди за „Фокус“ директорот на болницата, доктор Кристијан Костов.

Се уште официјално не се објавени денешните податоци од министерството за здравство за заразени пациенти од корона вирус во земјава, но заклучно со вчерашниот ден вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега