После ерупцијата на Тонга: Се е покриено со пепел, а островите се поплавени

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг, ја прикажуваат земјата и дрвјата покриени со пепел и огромната штета предизвикана од вулканската ерупција.

Ова е особено забележливо на фотографиите на Номука, мал остров во јужниот дел на групата острови Хапаи.

Фотографиите се направени од авионот од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд, а беа прикажани и сателитски снимки на Обединетите нации.

Сателитските снимки покажуваат речиси идентични сцени на островите Коломоту, Тонгатапу и селото Фафа на островот Нукуалофа, кои се целосно покриени со пепел, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Додека некои згради сè уште стојат, други, според снимката, се чини дека се урнати.

На меѓународниот аеродром Фуамоту, пистата беше потопена и делумно покриена со пепел или земја, додека други сателитски снимки покажуваат дека поплави имало и во неколку области долж брегот.

Саботната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хапаи, на околу 65 километри северно од главниот град Тонга, се смета за најголемиот вулкански настан во последните 30 години.

На социјалните мрежи најпрво брзо се појавија видеа и фотографии од бранот цунами што ги погоди околните острови, но следеше молк, бидејќи беше оштетен главниот комуникациски кабел.

18.01.2022 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа