Поскапува регистрацијата за постарите автомобили?

 

Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето, пренесе Алфа.

Единствена информација која ја добила Алфа е дека  сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот. Молк за тоа колку би чинеле техничките прегледи за мерење на загадувањето на секој автомобил а и самите лепенки.

Предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.

 

 

 

12.01.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа