Цените на угостителските услуги во декември 2025 година останале исти како во ноември, но бележат значителен пораст кога ќе се споредат со истиот месец од претходната година. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во однос на декември 2024 година, услугите се поскапени за 3,5 проценти.

Најголемиот удар врз џебот на граѓаните доаѓа од поскапувањето на храната и пијалаците. Деталниот преглед на индексите покажува:

  • Алкохолни пијалаци: Поскапување од 8,7% во споредба со декември лани.
  • Храна: Пораст на цените од 7,8% на годишно ниво.
  • Безалкохолни пијалаци: Зголемување од 5,3%.

Интересно е што цените на ноќевањата бележат пад од 12,1% (индекс 87.9) во споредба со декември 2024 година, што веројатно се должи на обидите на хотелиерите да привлечат гости.

На кумулативно ниво, за целиот период јануари – декември 2025 година, цените се зголемени за 4,8 проценти во споредба со истиот период од 2024 година.

Exit mobile version