Посебен сообраќаен режим в понеделник и вторник поради посетата на премиерката на Финска

 

На 20 и 21 јуни (понеделник и вторник) во официјална посета на Македонија ќе пристигне премиерката на Финска, Сана Марин.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

19.06.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа