Посебен режим на сообраќај во Скопје денес и утре

Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, денеска од 17.00 часот до завршување на настанот, ќе има посебен режим на сообраќај.

 

Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, денеска од 17.00 часот до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

 
17.06.2022 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега