Комплетно променет став на портпаролот на ЗНАМ. Откако вчера вечерта тврдеше дека ВРЕДИ го изиграле ВМРО-ДПМНЕ на изборите, денеска се поправа.
Тврди дека вчера изнесениот став бил личен а не партиски.
Комплетно променет став на портпаролот на ЗНАМ. Откако вчера вечерта тврдеше дека ВРЕДИ го изиграле ВМРО-ДПМНЕ на изборите, денеска се поправа.
Тврди дека вчера изнесениот став бил личен а не партиски.
„Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.
Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции
Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.
По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени.“ – напишра портпаролот на ЗНАМ на социјалните мрежи.
Вчера Мемов на социјалните мрежи имаше сосема друга приказна
„ Вреди го изигра ВМРО ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце.
Ептен голема грешка…
ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа, ние чесно ве подржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо.
Само почит.
Таа почит не ја добивме.
И тоа не го забораваме !“ – порача тој.

