Минимален пораз од 18:19 од Египет претрпеа македонските ракометарки во дуелот од второто коло на Трофеј Македонија што се игра во Охрид.
Во првото полувреме македонските ракометарки имаа водство, кое сепак на крајот од овој период не успеаја да го сочуваат и на полувреме беше 10:10. Тешко одеше нападот на нашата репрезентација и во воведните минути од вториот дел, а одбраната беше на ниво, па ниту противникот не успеваше да дојде до предност. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат 16:16 и вистинска драма. Во 56.та минута македонските ракометарки за првпат поведоа со 18:17. При 18:18 Египет не реализраше седмерец на 70 секунди до крајот. Во последниот напад на Македонија голманката на Египет Осман имаше две одбрани, а на 10 секунди до крајот Египет со нов седмерец дојде до победата.
Во првиот дуел од денешната програма Тунис – Грција 26:26. Ракометарките на Тунис пропуштија да слават победа особено што во последните 80 секунди водеа со 26:22, но Грција ги казни грешките и со гол во последната секунда избори нерешен резултат.
По второто коло Грција е прва со 3 бодови, Македонија и Египет имаат по 2, а Тунис е последен со 1 бод.
Утре на Трофејот Македонија во првиот натпревар од 14 часот ќе играат Тунис и Египет, а во вториот натпревар македонската репрезентација ќе игра против Грција