Најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на Преспанското Езеро е зголемен за три сантиметри во однос на вчера. Сепак, и покрај овој благ пораст, езерото и понатаму е во алармантна состојба, со ниво кое е дури 2,26 метри под просекот за месец јануари.

За разлика од Преспа, нивоата на Охридското и Дојранското Езеро остануваат непроменети во последните 24 часа. Охридското Езеро бележи ниво кое е за 10 сантиметри над повеќегодишниот просек. Кај Дојранското Езеро, пак, состојбата е специфична – иако е за 85 сантиметри над просекот, тоа сè уште е за 96 сантиметри под договорениот минимален праг.

Exit mobile version