Поранешниот свршеник ја следи- Алекс Родригез слави роденден на истото место каде што летува Џенифер Лопез со новото момче

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек официјално ја објавија љубовната врска за која медиумите веќе неколку месеци пишуваа, објавувајќи ја првата заедничка фотографија од нивниот одмор на Инстаграм

.

Имено, љубовната двојка моментално се наоѓа на југот на Франција. Тие заминаа таму за да го прослават 52-от роденден на популарната пејачка.

Покрај најубавиот брег, тие уживаат во луксузна јахта вредна 130 милиони долари, а судејќи според фотографиите, тие се толку вљубени, што не можат да ги тргнат рацете еден од друг.

Сепак, на Азурниот брег престојува и Алекс Родригез, кој во друштво на пријатели и разголени девојки, реши да го прослави својот 46-ти роденден токму на местото каде што моментално се наоѓа неговата поранешна девојка, па дури и да го прослави својот роденден на сличен начин, на јахта.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

Пред да пристигне во Сент Луис, Алекс пред доаѓање во Сен Тропе, го посети Портофино, а неговите следни дестинации се наводно Монте Карло и Ибица. На својот профил на Инстаграм, тој ги пофали Фоктографите од патувањето со хаштагот „Евротрип“.

Да потсетиме, Џенифер стапи во контакт со Афлек додека наводно била во врска со нејзиниот поранешен свршеник. Иако се шпекулираше дека  и тој не и е верен, поранешните свршеници никогаш не зборуваа за тоа.

27.07.2021 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега