Поранешниот српски фудбалер до девојката на Јовиќ: Софија те молам затвори ги манекенските нозе неколку дена

Србија вечерва од 20:45 го игра клучниот меч во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Фудбалерите на Драган Стојковиќ Пикси гостуваат во Португалија и потребна им е победа за прво место и директен пласман во Катар.

За овој меч говореше и познатиот српски фудбалер Саша Џани Чурчиќ, а посебен совет му даде на Лука Јовиќ.

-Ми се врти низ глава овој малиот Јовиќ, манекенот од Бјелина. Ја молам Софија Милошевиќ да го пушти два- три дена, без кондициски тренензи. Нека ги затвори малку манекенските нозе, нека биде на целибат неколку дена и во недела да влезе и загрми, порача контроверзниот Чурчиќ.

Тој е поранешен фудаблер на ОФК Београд и Партизан, а беше и еден од првите играчи кои настапиле во Премиер лигата. Во 1995 дојде во Болтон, а после тоа беше продаден во Астон Вила, една сезона беше и во Кристал Палас.

Овој српски играч е познат по бурниот живот и бројните забави кои ги организираше, на кои според неговите зборови, се собирале познати имиња од светскиот џет сет.

Кога потпишал за Кристал Палас, веднаш во Лондон купил огромен пентхаус каде организирал забави, за кои зборувала цела Англија.

14.11.2021 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа