Поранешниот шеф на кабинет на Мијалков доби 30 дена притвор

Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, доби 30-дневен притвор како осомничен во истрагата на обвинителството за организиран криминал за проневера на над 50 милиони денари во УБК.

Во истрагата се опфатени уште три осомничени лица, сега веќе пензионирани вработени во ИБК.

Притвор од 30 дена доби и Стево Маџовски, додека на Кристина Јосифовска и е определена мерка на претпазливост.

Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба од 2007 до 2017 година, како вработени во УБК. Од 8 март, во притвор во Шутка е и Мијалков, осуден неправосилно на три години затвор во предметот на СЈО „Титаник 2“.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега