Поранешниот претседател Ѓорге Иванов на средби со Македонците во Австралија

На покана на на Македонската добротворна организација од Австралија (MCWA),  Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов ќе биде покровител на неколку настани од добротворен и хуманитарнен карактер кои ќе се одржат овој и следниот викенд во Мелбурн и во Сиднеј.

Настаните се организирани од неколку организации на македонската дијаспора од Мелбурн и Сиднеј и се за  поддршка на повозрасните лица од македонската заедница во Австралија. Поранешниот претседател Иванов со подршка на овие хуманитарни активности се очекува да ја подигне свесноста за можноста да се  помогне и придонесе за подобар третман на повозрасните лица од македонската заедница.

Сите овие настани се поттикнати од фактот дека австралиската влада веќе има започнато промени и воведено реформи за поддршка и нега на возрасни лица од сите заедници кои живеат во државата.

Се очекува од овие настани поранешниот македонски претседател Иванов да испрати и порака за обединување на Македонците , апел дека сите треба да бидат единствени и сплотени и дека Македонската заедница може да биде успешна, силна, прогресивна и просперитетна и да го јакне македонскиот етнички идентитет со тоа што ќе го јакне културниот, но и социјалниот придонес во австралиското општество. 

Покрај традиционалните вечери кои е планирано да се одржат на 22 февруари во Мелбурн и на 28 и 29 февруари во Сиднеј и Волонгог на кои што Иванов ќе има можност да се сретне со македноската дијаспора планирани се и повеќе активности како посета на училиште финансирано од Австралиската влада а во кое наставата се одвива на македонски и англиски јазик,посета на детска болница, посета на општината Вителси и средба со градоначалничката од македонско потекло г-ѓа Емилија Лиза Стериовска, посета на седиштето на MCWA и средби со фокус социјални групи, средби со преставници на македонската бизнис и академска заедница и уште неколку активности од хуманитарен карактер.

Посетата на Иванов на Австралија ќе заврши на 1 март, на средба со Македонците во Сиднеј на настан организиран од страна на Сиднеј Македонија фудбалски клуб. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа