Поранешниот Папа ќе биде прогласен за светец

Поранешниот папа Јован Павле Втори, според најавите од Ватикан ќе биде прогласен светец.

Папата Војтила беше беатифициран на 1 мај 2011 година откако калуѓерката Марија Симон Пиере, која боледувала од Паркинсонова болест, чудесно оздраве, откако, според нејзиното тврдење,  му се молела на покојниот понтиф.

Папата Војтила би можел да биде канонизиран на 20 октомври, кога се одбележува 35-годишнината од неговиот избор за папа или шест дена подоцна на датумот на неговата инаугурација.

 

најчитано сега