ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, како и против едно правно лице со седиште во Длапкин Дол.
На 08.01.2025, Ф.Д., во својство на градоначалник на општина Кичево, искористувајќи ја својата службена положба донел план за јавни набавки за 2025 година на општина Кичево спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности. Иако, општина Кичево има јавно комунално претпријатие, Ф.Д. сите комунални дејности ги доверил на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол со намера да се стекне со поголема имотна корист на штета на буџетот на општина Кичево.
Второпријавениот, одговорно овластено лице за одржување на зелени површини, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, додека третопријавениот во својство на управител во правното лице, свесно ги повредил прописите на постапката за јавен повик. Со тоа, вкупно исплатените парични средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесува вкупно 1.457.205 денари на штета на општина Кичево.
- Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите
- Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово
- Дипломатска офанзива на Вашингтон: Меланија Трамп во понеделник го презема кормилото на ОН
- Марко Рубио за инцидентот кај Куба: „САД немаат врска со ова, независно ги проверуваме фактите“
- Хоџа-Касами: Силен инвестициски фокус животната средина во Тетово
- Скопјанка заврши со лисици на рацете
- Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип
- Убиецот од Старо Нагоричане е во притвор: Потврдена насилна смрт и кај втората жртва, осомничениот оди на психијатриско вештачење


