ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата “ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган.
Актуелно
- Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
- (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено
- Секој петти Германец размислува да ја напушти земјата
- Втора рунда на Австралија опен: Ѓорческа ја има Словенката за ривалка
- Каја Калас: Падот на иранскиот режим не гарантира подобра иднина
- Три грчки танкери нападнати од дронови во Црното Море
- Џорџа Мелони: „Пожарот во Кран-Монтана не е несреќа, туку резултат на недомаќинско работење“
- Трамп за „помошта за Иран“: Ќе мора сами да откриете

