Поранешни „Алфи" сведочеа за „Тортура": Началникот на СВР Скопје ми даде наредба за приведување на Бошковски

Судењето за случајот „Тортура" продолжи денеска со сослушување на обвинетиот Ивица Анчевски, поранешен член на Единицата за брзо распоредување.

На прашањето на која позиција работел во 2011-та година, Анчевски рекол дека со решение бил дел од ЕБР, додека со писмена наредба на екс директорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, бил именуван како командант на единицата „Алфи".

„Единицата „Алфи“ хиерархиски е поставена во БЈБ, односно СВР Скопје, од кои причини истата не може да биде командувана од друга страна", рекол Анчевски во обраќањето до судот.

Анчевски истакнал и дека добивал наредби од началникот на СВР Скопје или од Секторот за организиран криминал, а истите потоа ги давал на раководителите во единицата „Алфи".

За акцијата за приведување на Љубе Бошковски дознал на 6-ти јули 2011-та година, а наредбата за истата ја добил од началникот на СВР Скопје.

Обвинетиот Петар Милошевски рекол дека на 6-ти јуни 2011-та година добил наредба од претпоставен најбрзо што може да се појави зад Министерството за економија. Тогаш бил тим лидер, односно одговорен за 3-4 полициски службеници.

„Раководителот ни објаснуваше дека ќе се одвива акција каде ќе биде уапсено лице кое има обезбедување и дека најверојатно се работи за дилер на дрога, изјави обвинетиот Милошевски.

Потсетуваме, судењето за „Тортура" почна во март 2018-та година против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на „Афли", а се однесува на апсењето на Љубе Бошковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега