Поранешната свршеница на Кличко претепана на денот на вљубените: Го уби Господ во мене

Актерката Хејден Панетијер (30) на денот на вљубените била нападната од своето момче, колегата Брајан Хикерсон (31).

Полицијата го уапсила поради семејно насилство, откако поранешната вереница на боксерот Владимир Кличко (43) го обвинила дека ја удрил со дланката во лице.

Нападот го пријавиле нивните соседи кои виделе како актерот шета низ дворот откако таа го исфрлила од куќата. Полицајците известиле дека Панетијер имала црвено и отечено лице како и гребаница на раката.

– Го уби Господ во мене – викала актерката во моментот кога се појавила полицијата. Брајан врескал дека „не сака да биде обвинет за некакви сра*а, но не кажал дали ја удрил Хејден.

Ова не е првпат актерката да биде нападната од насилниот партнер. Полицијата пред само девет месеци го уапси Хикерсон, бидејќи ја нападнал Хејден.

По првиот инцидент кој се случил пред неколку месеци, тие се видени заедно само две недели откако Брајан добил забрана да и се приближува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега