Поранешната партнерка на славниот рапер пронајдена мртва - четири деца останаа без мајка

Манекенката и актерка Ким Портер (47), инаку поранешна девојка на раперот Пи Диди и мајка на три негови деца, била пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес.

Портпаролката на Пи Диди ја потврдила трагичната вест и замолила да се почитува приватноста на семејството во овие тешки мигови.

Извор за „ТМЗ“ тврдел дека Ким неколку дена била болна од симптоми слични на настинка, а се шпекулира и дека причината за смртта била или грип или воспаление на белите дробови. Но, официјална потврда за причината за смртта се уште нема.

Раперот и Ким беа во врска од 1993 до 2007 година. Заедно ги одгледуваа синот на Ким од нејзината пртеходната врска, Квинси, и трите заеднички деца, синот Кристијан и блзиначките Далила и Џеси.

 

 

 

16.11.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега