СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа „Центар за социјални работи“- Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“.
Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување на право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка, додека второпријавената како директор, потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената.
Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган- ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање на лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, а приложиле и фалсификувана службена исправа-конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.
Актуелно
- Лажен туристички агент „олесни“ кумановско семејство за над 6.000 евра за непостоечки одмор во Турција
- Пробиштип: Кривична пријава за маж кој спречил новинарка да постави прашање на заменик-министер
- Две жени ограбени во Аеродром и Ѓорче Петров во ист ден
- Крвава кражба: Битолчанец избоден од разбојник кој влегол во неговата куќа да краде
- Ужас во Скопје: Мајка си го натепала малолетниот син кој имал здравствени проблеми, во полиција пријавил таткото
- 16-годишник од кривопаланечко заработи кривична: Со дрвен предмет мападнал 13-годишник
- Кривична пријава за работник и управител – го оставиле Тетово без струја поради нивна грешка
- Информирајте се ако патувате за Грција: Попладнево нови блокади на Евзони и Меџитлија

