Поранешната девојка на монструмот од Дејтон откри страшни детали - бил фасциниран од убиства

Поранешната девојка на 24-годишниот Конор Бетс кој во неделата во еден часот утрината уби 9 лица во Дејтон, а рани најмалку 27 откри шокантни детали од неговото минато. Откако луѓето кои со него оделе на училиште рекле дека Бетс како средношколец имал „листа за убивање“, се огласила и неговата поранешна девојка Линдзи Дол, која вели дека сакал да биде насилен кон жените.

Линзи вели дека се забавувале кога биле во средно и дека биле во врска нешто помалку од една година. Како што вели, кога се зближила со него пријателките ѝ велеле дека воопшто не е благ кон жените и дека умее да биде насилен.

Таа вели дека кон неа никогаш не бил насилен, но истакнува дека од други слушнала дека имал своја листа за убивање и листа за силување, односно дека им се заканувал на девојки, поради што бил и избркан од училиште.

„За среќа, кон мене никогаш не беше насилен“, рекла Линдзи Дол за американските медиуми.

Сепак, како што истакнува, слушнала дека имал обичај да им се заканува на другите девојчиња, дека една дури турнал во река, пренесува Би-Би-Си.

„Ме загрижуваше тоа што го зборуваа. Им се доверив на пријателите, но и на вработените во училиште. Им реков дека се плашам дека може да повреди некој или себе. Изгледа дека никој сериозно не ме сфати“, рекла Дол.

Кога ги слушнала вестите за нападот, вели дека прво била шокирана, но дека подоцна сфатила дека од него тоа и се очекувало.

„Ми зборуваше дека слуша гласови во глава и дека има страшни халуцинации кои го мачат навечер. Некогаш знаеше да ми се јави и во солзи да ми каже дека се плаши за самиот себеси. Велеше дека гласовите му велат да ги повреди другите луѓе“, тврди поранешната девојка на Бетс.

Таа истакнала дека не ѝ е јасно зошто Бетс ја убил својата сестра Меган, затоа што секогаш делувале како нормални брат и сестра.

Аделија Џонсон, друга поранешна девојка на Бетс вели дека за време на нивната врска, бил вистински господин. Како што раскажала, се запознале на час по психологија и тогаш почнале да се забавуваат.

Таа вели дека Бетс во тоа време бил фасциниран од трагедии, особено од масовни пукања.

„Затоа и наводно ја проучуваше психологијата. Сакаше да знае што ги тера луѓето да прават ужасни работи. Знаеше дека масовните пукања се ужасни и го интересираше што луѓето ги поттикнува да направат такво нешто“, рекла Џонсон и додала дека на првиот нивен состанок ѝ покажал снимки од некои масовни пукања.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега