Поранешна мисица заврши во затвор: На малолетник му праќала голи фотографии (ФОТО)

Поранешната мисица на Кентаки, Рамси Бетан Берси (29) е осудена на две години затвор во Западна Вирџинија откако признала дека на тинејџер му испраќала голи фотографии. Освен тоа, десет години ќе биде под надзор за да не го повтори делото, а нејзиното име ќе биде впишано во регистарот за сексуални претстапци до крајот на нејзиниот живот.

Таа во затворот Лакин мора да се јави денеска.

Уапсена е во 2018 година, па обвинета за чеитри казнени дела. Признала дека на 15-годишник преку Снепчет му испратила барем четири фотографии на која е топлес. Во тоа време тој бил ученик во средно училиште.

Фотографиите кои таа ги праќала биле пронајдени од неговите родители, па затоа со професорка, мисицата ја пријавиле во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа